
Научници од Холандија во медицинскиот центар „Еразмо“ во Ротердам и универзитетот во Утрехт откриле антитело што може да помогне во откривање и превенција на ширење на заразата со новиот коронавирус.
Нивното откритие допрва треба да помине низ ригорозно тестирање и тоа може да трае со месеци, јави Би-Би-Си.
Холандија објави дека бројот на заразени со коронавирусот е зголемен во изминатите 24 часа – од 155 се зголеми на 959.