
Два тима стручњаци се подготвени во ВМРО-ДПМНЕ во делот на здравствената заштита, изјави Александар Николоски на Алфа телевизија.
Тоа не се само доктори, рече тој, тоа е една цела лепеза која гравитира околу луѓето во здравството. Тоа се психолози, социолози, и луѓе кои треба да знаат менаџмент. И вториот тим е врвни економски експерти кои што ќе понудат решенија за економската криза што и следува за жал и на Европа и на Македонија.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е отворена и фер спрема граѓаните и потребни се мерки кои треба да се преземат веќе утре.
А за да се преземат веќе утре, најдобриот човечки потенцијал треба да се искористи. Партијата има врвни стручњаци и Николоски рече дека се ставени на располагање на државата. А дали Заев, Спасовски и компанија ќе ги искористат, е нивна одлука, ама и последиците ќе се нивни затоа што тоа ќе бидат човечки животи и економија, изјави Николоски во „Заспиј ако можеш”.