
Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција ја информираше јавноста за последните податоци поврзани со корона вирусот. Тој истакна дека жителите на Дебар и Центар Жупа ги почитуваат препораките за органичено движење.
Тој појасни дека е формиран кризен штаб кој превзема мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, по што им се обрати на овие жители.
-Бидете уверени дека е ова најдоброто решение кое најбрзо ќе даде резултати. Ве замолувам да нема паника. Заедно со вашите први луѓе, градочалниците, во општината ќе ги добиете најдобрите здравствени мерки. Ќе функционираат продавниците, бензиските, аптеките. банките и поштите ќе работат со скратено работно време, рече Спасовски, појаснувајќи дека кризната состојба ќе трае 30 дена.
Спасовски појасни дека овие жители ќе можат да ги напуштат општините само доколку нивната состојба е животнозагрижувачка.
-Тогаш итно ќе бидат транспортирани со возила на Брза Помош, рече Спасовски,
Премиерот додаде и дека е зголемена контролата на границите при влез на лица од ризичните земји.