На Манчевски сите медиуми не му се по ќеиф, па лепи етикити, а таа квази може да си ја задржи за себе

Додека Македонија се бори со корона вирусот, министерот за информатичко општество и адинистрација Дамјан Манчевски држи пресови за предизборни ветувања. Дрско и безобразно, сосема популистички, ветува укинување на патни трошоци, намалување на администрација и што ли уште не. Да не навлегуваме во коментари дека три години не видовме ништо од она што го ветуваа, туку напротив, видовме политизирана администрација и празни ветувања.

Манчевски својата професионалност ја докажа со самото држење на оваа прес-конференција. Банално, небитно, неургентно. И во целиот тој непрофесионален однос, се дрзна да критикува медиуми и да оценува кои се медиуми, а кои, како што самиот кажа, квази медиуми.

„Сакам да се насочам кон одредени медиуми коишто сакаат да направат дополнителна паника, и мислам дека треба да зборуваме најдиректно, а не од околу. Курир, Република и Нетпрес, ова се координирани извори на лажни вести, финансирани од еден центар на економска моќ којшто се наоѓа во Будимпешта и којшто ја има под целосна контрола и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно не постои долна граница под која што не може да паднат ниско, овие квази медиуми“, рече Манчевски.

А колку ниско може да падне овој квази министер?! Прво, Република го прашува квази министерот, кои се тие лажни вести?! На ова прашање се придружува и Нетпрес.

„Еве слободно нека посочи. Второ, дали е дозволиво министер да дава квалификации за медиуми и да ја коментира нивната работата? Постојат посебни тела во државата кои треба да се занимаваат со таа проблематика. Граѓаните не го плаќаат министерот за партиски прес-конференции со предизборни ветувања, ниту пак за квалификување медиуми и вршење притосок кон „несимпатичните“ медиуми кои не известуваат по диктат на власта. Подобро нека го искористи времето да сработи нешто за што е платен, меѓу другото, и од нас медиумите како даночни обврзници, но и од граѓаните, кои треба да бидат информирани за се што се случува во државата, па дури и за она, за кое на Владата и на Манчевски не им оди во прилог да биде објавено. Едно е лажна вест, господине Манчевски, друго е вест која не ѝ се допаѓа на Владата. Вие тие две работи ги изедначивте. Сè што не ѝ оди во прилог на Владата, е лажна вест. Ја мајката, што би рекол вашиот шеф“, велат од Република и посочуваат:

„Во период на пандемија, во период на криза во државата, страв и паника кај народот, вие се оптоварувате со медиумите и оценувате кој чини кој не чини. Во вакви услови вие продолжувате да вршите притисок врз медиумите кои не се под ваша контрола. Кој е медиум, а кој не судат граѓаните, како што судат кој е министер, а кој е квази министер.

Наша обврска е да ги инфорираме граѓаните и тоа и го правиме. Нашата работа е од јавен интерес за граѓаните. А вие како Влада време е да ја вршите вашата работа која исто така треба да биде во интерес на граѓаните, а не во интерес на личните и партиски потреби. Неуспехот на Владата и незадоволството на граѓаните од нејзината работа, не можете да ги покриете со квалификувања и омаловажувања на медиуми кои не ги држите под контрола.

Многумина ваши колеги, сопартијци, министри, во вашето безмалку четиригодишно владеење се обиделе да нè замолчат, ни се заканувале со тужби, нè тужеле, но не нè замолкнале. Вие не сте првиот кој се обидува да го искористи силниот одек на нашиот глас во јавноста за лична и партиска промоција.

Дали сте свесен, квазиминистре, дека штотуку потврдивте дека живееме во репресивно општество, во систем за кој не се штедевте во друга пригода да речете дека е режим? Да, министре, вие многу добро знаете дека тоталитарните режими ги замолчуваат медиумите, како што сега се обидувате да ја замолкнете „Република“ унакажувајќи ја со квалификацијата „извор на лажни вести“. Да бевме извор на лажни вести, одамна ќе згасневме. Ќе нè казнеше јавноста, која единствено смее и треба да ни суди. Немаше со години да ви бидеме трн во окото на СДСМ и да се обидувате со сите партиски, а сега и извршни механизми, што физички што финансиски, да нè замолчите. Знаете вие добро, министре, колкаво е влијанието на Република врз јавното мислење во Република Македонија.

На ваков притисок со несмален интензитет сме биле изложени и во изминатите години, и кога бевте опозиција. Јавноста во Република Македонија и дипломатските претставништва на странските земји се запознаени за заканите, уцените, тужбите со кои сме се соочувале, за нападите врз нашите новинари и фоторепортери, за судските процеси кои се водат пред македонските судови и за обидите за дискредитација на уредниците и новинарите на „Република“.

Нема да не згаснете со начинот на кој избравте да играте, квазиминистре – нечесна игра и демонстрација на подмолна сила. Зашто вашата вистина за вас е универзална, но не и за оние на кои им ја продавате убаво спакувана“.