
Унгарската Влада го потврди денеска првиот смртен случај од коронавирус во земјата.
Во владиното соопштение се наведува дека станува збор за 75-годишен унгарски државјанин, кој починал веднаш откако е пренесен в болница со силна пневмонија и инфекција со коронавирус.
Според официјалните податоци, во Унгарија има 32 потврдени случаја на заразени со Ковид-19 и 159 лица кои се ставени во карантин.
Од оваа недела во земјата се затворени сите училишта и се воведени ограничувања за собирања на луѓе.