Можно откажување на првенството во Ла Лига

Претседателот на шпанската фудбалска асоцијација на Ла Лига, Хавиер Тебас, порача дека оваа сезона може да биде откажана поради пандемијата од новиот тип коронавирус.

 

„Пред нас е многу важна седмица. Ова со што сега се занимаваме, ќе го заврши натпреварувањето“, порача Тебас во разговорот за шпанското радио Cadena Cope.

„Работв целиот викенд преку видео-конференција и телефонски повици со европските институции и претставниците на шпанските клубови. Работам со контактите во Италија и во Германија за да се обидам да го поправам распоредеот, но ова е сериозна здравствена работа“, истакна првиот човек на шпанската Ла Лига.

Поради разгорувањето на епидемијата во Шпанија целата земја е во блокада, а лигата е суспендирана до 4-ти април. Меѓутоа, неизвесно е дали и тогаш ќе продолжи. Најголемиот дел од шпанските клубови ги прекинаа сите тренинзии и клупски активноста во текот на прекинот на натпреварувањата и забраната за собири на повеќе лица.

Само во последните 24 часа во Шпанија се пријавени нови 1.500 случаи на зараза со коронавирусот, па сега има вкупно 9.191 потврден случај, а бројот на починаите се зголеми на 309 луѓе.