
ИРИ денеска излезе со мерење на јавното мислење во пресрет на претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април, на истата анкета може да се забележи дека бројот на граѓани кои го поддржувале СДСМ пред две години е намален за 20%.
Имено од 21 % од гласачите кои би гласале за СДСМ во 2018 година, бројката денес е симната на 17%. Што во апсолутен износ на бројки е пад за 20%.
Од анкетата на ИРИ забележуваме и дека мнозинство од испитаниците сметаат дека Зоран Заев не заслужува нов мандат.
Цели 54 проценти од анкетираните одговориле така, додека 31 процент сметаат дека тој добро си ја вршел работата и заслужува уште четири години да ја води владата.
Дополнително истражувањето на ИРИ покажува и дека сериозно се зголемил процентот на испитаниците кои сметаат дека државата оди во погрешна насока, ако пред две години така мислеле 30% од анкетираните, денес дури 43% сметаат дека тоа е така.
Показателите на анкетата говорат дека ставот на граѓаните во однос на власта и водењето на државата од страна на Зоран Заев е во слободен пад.