Пендаровски: Имаме доволно енергенти за најмалку четири месеци

Претседателот Стево Пендаровски на прес конференција по завршувањето на седницата на Советот за безбедност рече дека пред секоја Владина седница во последниот период се разгледуваат состојбите со стоковите резерви.

„Ние во овој момент имаме доволно енергенти за најмалку четири месеци. Во делот на енергенти и животни продукти сме на неопходното нивото кое е неопходно согласно меѓународните стандарди“, рече претседателот Пендаровски.