
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави ноќта кон понеделникот по македонско време за нови 10.982 случаи на зараза со новиот тип коронавирус Covid-19 ширум светот во последното деноноќие, а бројот на починатите од оваа болест во истиот период се зголемил за 343 луѓе.
Со овие податоци, бројот на заразените луѓе во светот изнесува 153.517 лица, додека вкупниот број починати достигна 5.375 луѓе.
Надвор од Кина, жариштето на пандемијата, досега се потврдени 72.469 случаи на зараза, а бројот на починатите изнесува 2.531 човек.