
Досегашната социјалистичка градоначланичка на Париз, Ан Идалго убедливо води во првиот круг на локалните избори и веројатно ќе однесе победа пред кандидатката на францускиот претседател Емануел Макрон, покажуваат прелиминарните процени објавени во неделата ноќта.
Според процените, Ан Идалго со 30,2 отсто од гласовите е во водство за градоначланичка на Париз пред кандидатката на десницата Рашид Дати со 22 отсто и кандидатката на Републиката во двиќење, на претседателот Макрон, Ањес Бузин, поранешна минситерка за здравство, која освојува 17 отсто од гласовите.
Резултатите од првиот круг, кој би можел да биде поништен доколку вториот круг не може да се одржи поради епидемијата од коронавирусот, претставува удар за претседателот Макрон, особено кога овие резултати ќе се споредат со оние кои ги доби негавата партија на европските избори во мај 2019 година – 33 отсто.
Анкетите покажуваат огромен пад на излезноста во првиот круг од локалните избори ширум Франција, поради ширењето на коронавирусот. Институтот Ipsos/Sopra наведува дека излесноста изнесувала 45,5 отсто, значително помалку од 63,7 отсто на последните локални избори во 2014 година.