
Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска извести дка имало 14 обиди за напуштање на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност, кои биле спречени од полицајците кои го обезбедуваат реонот.
„Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје. Овозможено е непречен транспорт на пари до експозитурите на банките и банкоматите на кризното подрачје. Постојано се врши пренасочување на сообраќајот, пренасочени се 9 патни правци, а граѓаните редовно се информираат за состојбата на кризното подрачје“, рече Чулев.
Тој информираше дека околу 180 полициски службеници и 65 припадници на Армијата го обезбедуваат кризното подрачје, со цел, спречување влез и излез од него.
Чулев упати силен апел до граѓаните да се воздржат од патување надвор од државата и да не се собираат во поголеми групи во работните денови, изјави денеска министерот за внатрешни работи.
„Формирано е Координативно тело со претставници од МВР каде се разгледуваат и се прават сите инструкции за припадниците на МВР. Полицијата силно апелира до граѓаните да се воздржат од патување надвор од државата и да се собираат во поголеми групи во работните денови. Отворена е бесплатна телефонска линија за сите граѓани во врска со спречување на коронавирусот. Бројот е 080000201 и оваа телефонска линија е отворена 24 часа, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Тој рече дека граничните полицајците постојано се во комуникација со локална самопуправа, со припадниците на Министерството за одбрана и со армиските службеници.
– МВР на армиските припадници им отстапи возила, а асистиравме во спровод на 36 граѓани до границата со Косово. Исто така асистиравме и во спровод на два конвоја, едниот до Албанија, а вториот до Косово. Имаме најава за влез на 200 лица кои биле заглавени на различни гранични премини. Во постојана координација сме со надлежните органи и со нив ќе се постапи според насоките дадени од Министерството за здравство. Скопската полиција обезбедува 173 лица кои се во домашна изолација, а затворени се седум угостителски објекти и е дадена забрана за вршење на дејност. Во Битола 13 лица кои се во домашен карантин се обезбедуваат, во Тетово има 16 лица, а имало едно прекршување на таа мерката. Во Охрид се обезбедуваат 82 лица, а контролираните се 173 објекти. Во Струмица 12 лица се обезбедуваат и е утврдено дека едно лице ја прекршило забраната и против него е поднесена пријава. Во Куманово се обезбедуваат шест лица, а во овој град се контролирани се 40 објекти. Полицијата и понатаму ќе постапува согласно препораките дадени од Владата на Македонија. Одделот за специјални намени спречил 14 обиди за напуштање на заштитениот регион Дебар и Центар Жупа. Во овие две населени места има околу 130 припадници на МВР, а има и 65 припадници на АРМ го обезбедуваат Зелениот појас – изјави Чулев.
Тој додаде дека затворени се сите гранични премини, а дозволени се само транзитни премини и влез за возила на дипломатскиот кор.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1854352511367873/