
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека се е подготвено за да се пречекаат околу 200 македонски државјани на македонско-бугарскиот граничен премин Деве Баир.
Во линковско вклучување за телевизија „24Вести“, Димитров истакна дека тие ќе бидат прифатени на начин кој ќе биде најдобар и за нивната безбедност и за здравјето на целата нација.
– Полицијата е подготвена и во координација со медицински екипи од Министертсвото за здравство ги чекаме луѓето кои во скоро време је пристигнат. Ќе бидат прифатени на начин кој ќе биде најдобар и за нивната безбедност и за здравјето на целата нација, рече Димитров.