
Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ на Фејсбук објави неколку предлози како државата побезболно да излезе од кризата предизвикана од коронаирусот.
„Во моментов недостасува малку поголема храброст во одлуките на највисокиот државен врв…
Се надевам дека има причини и согледувања кои не ги знаеме…
Но, државата мора да:
1. Воспостави понормално функционирање на економијата;
2. Понормално функционирање на администрацијата;
3. План за образовниот процес;
4. Функционалност на државните органи;
5. Да спреми ребаланс на Буџет;
6. Да измени закони за да даде поголема мобилност на здравствените власти;
7. Да воспостави политички односи кои ќе градат максимално можна доверба во институциите;
8. Да планира даночни ослободувања за компаниите и граѓаните;
9. Да пронајде систем на намалување на паничноста помеѓу граѓаните;
10. Да спроведе план за максимална грижа кон ранливите категории (постари лица, хронично болни и слично).
Државата треба да е спремна за лоши сценарија, а заедно да се радуваме ако ги избегнеме заради ум и разум…“, порача Димовски.