
Двајца членови на персоналот на Светска здравствена организација (СЗО) заразени се со новиот коронавирус, соопшти претставникот на СЗО, Кристијан Линдмајер.
Тоа се први случаи на Ковид-19 помеѓу персоналот на СЗО.
– Во седиште на СЗО работата околу 2.400 луѓе, а поголемиот број од нив работи од дома со цел да се намали можноста за пренос на коронавирусот, посочи Линдмајер.