
Лидерите на политичките парти на денешната средба кај претседателот Стево Пендаровски се согласија дека треба да бидат одложени парламентраните избори на 12 април.
Приоритет во актуелната ситуација со коронавирусот треба да бидат животите и здравјето на граѓаните, заклучиле партсиките преставници.
На средбата присуствуваа лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити, а од ДПА учествуваа Орхан Ибраими и Фримзим Даути. На средбата присуствуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.
Заев изјави дека му дале право на шефот на државата со експертски тим да најде решение за одложување на изборите и за закажување на нов термин за избори.
– Сега кога имаме заеднички непријател во коронавирусот не е време за избори. Согласно анализите и проекциите за економските проекции подготвуваме сет за помош и мерки. Ја отврив потребата од воведување вонредна состојба, за да може поефикасно да се донесат мерки за здравствената состојба на граѓаните. Верувам дека можеме да успееме и да се избориме со овој предизвик. Важно е сите да останат посветени за заштита од заразата, рече Заев.
Тој додаде дека не калулирале со опцијата кој да владее до новите избори. Според Заев треба да продолжи да владее техничката влада.
МИА