
Моментално шест лица се тестираат на ковид-19 и нивните резултати се очекуваат попладнево, информираше министерот Венко Филипче на денешната редовна прес конференција.
Како што кажа тој, сите се членови на семејството на еден од тројцата позитивни пациенти, тестирани во клиниката „Жан Митрев“.
Тој прецизираше дека двајца од нив се сопружници кои биле во Бугарија, а едниот имал гости од Србија кои подоцна пројавиле симптоми на болест.