СЗО предупредува да не се користи „Ибупрофен“ при симптоми на коронавирус

Луѓето кои се сомневаат дека се заразиле со новиот коронавирус не треба да земаат „Ибупрофен“, без да се конслутиораат со лекар, предупреди во вторникот Светската здравствена организација (СЗО – WHO) фокусирајќи се на студија за можен негативен ефект од тој лек, пренесува агенцијата DPA

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на прес-конференција во Женева изјави дека претходните студии не откриле врска на ибупрофен со зголемено ниво на смртност, но додаде дека експертите во моментов вршат испитување.

„Доколку сами се лекувате препорачуваме Парацетамол, а не Ибупрофен“, нагласи тој.

Изјавата беше дадена откако француски експерти предупредија за несакани последици од употреба на ибупрофен, аспирин и други лекови против Covid-19.