Укинати и бесплатните билети за патување со воз

Владата на синоќешната седница одлучи  времено да ги прекине мерките со кои им се овозможува на студентите и пензионерите да патуваат бесплатно со воз.

Владата ги , како што стои во заклучокот од седницата, ги задолжи Железници на Република Северна Македонија, Транспорт АД Скопје, по принципот на донесените одлуки од ЈСП Скопје, времено да ги прекинат мерките кои се однесуваа на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.

Мерката е донесена во рамките на мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19.