
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за денеска свика самит на Европската унија за мерки за спречување на пандемијата со коронавирусот. Како и пред една недела состанокот ќе се одржи преку видео конференција.
„Клучно е запирање на ширењето на вирусот, обезбедување медицинска опрема во доволно количество и ограничување на негативните економски последици”, изјави Мишел.
ЕУ се обидува да се координира и да спроведе европска слоидарност како одговор на пандемијата. Границата од 2.000 починати од коронавирусот во Европа е премината во неделата.