Цените на нафтата потонаа на минимумот од 2002/2003 година

Цените на нафтата на меѓународните пазари во средата паднаа на најниското ниво во последните 17-18 години, имајќи ги предвид ограничувањата на патувањата и социјалните контакти поради епидемијата од коронавирусот што ги намалува изгледите за побарувачката, како и несогласувањата меѓу Саудиска Арабија и Русија околку испораките на пазарите.

Цената на барелот за мајските испораки на сировата нафта од марката „Brent“ според состојбата од 18,30 часот по македонско време на лондонскиот пазар ICE, се лизна за 13,3 отсто, или на 24,88 долари за барел. Последен пат нафтата од овој вид беше на ова ниво во мај 2003 година.

Истовремено, барелот нафта за фјучерстите од марката WTI на американскиот пазар потона за 23 отсто од затворањето на претходниот трговски ден, на 21 долар, што е нивото од март 2002 година.

Одвоено, во средата попладнето Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) извести дека цената на барелот од референтната кошничка нафта од нејзините членки во вторникот изнесувала 30,36 долари, што значи дека ослабела за 27 центи во однос на претходниот трговски ден.

Последен пат со нафата во САД се тргуваше по толку ниска цела во 2002 година, кога Кина само што го започнуваше своја подем кон позицијата на главна глобална економска сила, подигнувајќи ја светската потрошувачка на нафтата на рекордно ниво.

Меѓутоа, сега најбогатите држави во светот се подготвуваат да потрошат милијарди долари за да го ублажат влијанието од пандемијата на коронавирусот врз своите економии, ограничувајќи ги паралелно социјалните контакти со мерки какви што не се видени од Втората светска војна.

„Колапсот на побарувачката на нафтата поради ширењето на коронавирусот е сѐ поаукутен“, констатираат аналитичарите на американската банка „Goldman Sachs“ во белешката за клиентите, проценувајќи дека цената на барелот во Лондон во вториот квартал ќе падне на најнискиот ниво од почетокот на 2002 година. Во „Goldman Sachs“ очекуваат дека до крајот на март побарувачката ќе падне за осум милиони барели дневно, а во целата 2020 година за 1,1 милиони барели дневно, најмногу во историјата.

Во „Rystad Energy“, пак, проценуваат дека побарувачката ќе се намали за 2,8 отсто, односно за 2,8 милиони барели дневни. „За да го доловиме контекстот, потсетуваме дека уште минатата седмица прогнозиравме намалување за само 600.000 барели“, истакнуваат. Оваа консултантска куќа очекува дека побарувачката во април ќе биде помала за 11 милиони барели дневно, отколку во истиот период минатата 2019 година.

Влијанието на пандемијата врз побарувачката на нафта ја откриваат и официјалните податоци на јапонското Биро за трговија, според коишто увозот на сирова нафта во третата економија во светот во февруари е намален за 9 отсто во однос на истиот месец лани.

Притисокот на пазарите го засилува и ценовната војна меѓу водечката членка во OPEC, Саудиска Арабија, и Русија, откако на почетокот од март пропаднаа преговорите за координираното дополнително ограничување на снабдувањето. Москва денеска порача дека сака цена на нафтата повисока од сегашната, меѓутоа саудиското министерство за енергетија соопшти дека на националната нафтена компанија „Aramco“ ѝ одредило во следните месеци да продолжи да произведува рекордни 12,3 милиони барели дневно.

Во ваквите околности, ирачкиот министер за нафта побара итен состанок на членките на OPEC и на независните производители предводени од Русија, ткн група OPEC+. Министерот Тамер ал-Гадбан побара од картелот да помогне што поскоро да биде организиран вонреден состанок на OPEC+ за да се „расправа за сите можни мерки“ за урамнотежување на нафтениот пазар.

„Саудијците и Русија жестоко се борат за уделот на пазарот, па тешко дека ќе видиме некое решение во догледна иднина. На масата може да ги вратат само уште пониските цени на нафтата“, оценуваат од банката ING.