Се одложи Самитот на ЕУ на кој требаше да се разговара за датум за преговори

Одложен е Состанокот на Европскиот совет закажан за 26-27 март, на кој беше најавенo носење позитивна одлука за отворање на преговорите за членство со Македонија, со препорака нивниот старт да биде во јуни.
Терминот дополнително ќе се утврдува.

Информацијата синоќа беше објавена на страницата на Европскиот совет, во објава за активностите на членовите на Европскиот совет кои одржале видео конференција за состојбата на КОВИД-19.

На Состанокот на Европскиот совет закажан за 26-27 март, а кој претходно беше најавен дека ќе биде во форма на видео конференција, се очекуваше одлука старт на преговорите на Македонија и на Албанија.

Според дипломатски извори, медиуумите претходно објавуваа дека Советот за општи работи на ЕУ позитивно ќе одлучи за отворање на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, а во нацрт-заклучокот било посочено: „Советот ја повикува Европската комисија, без одложување и најдоцна до јуни, да поднесе предлог за преговори, а првата меѓувладина конференција би требало да биде свикана без одложување, веднаш по усвојување на предлогот“.