Холандскиот министер за здравство се онесвести во Парламентот

Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс (56) денеска се онесвести во Парламентот. Тој колабира на говорница додека слушаше прашање од пратеник, а помош му пружија присутните министри.

– Уморот се наталожи изминатите недели, но сега се чувствувам подобро. Одам дома да се одморам за утре да продолжам да се борам против коронавирусот – истакна Бруинс во пишана порака.

Во Холандија вчера се потврдени 346 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на инфицирани лица се искачи на 2.051, а 58 починаа.