Државен карантин за прекршителите на мерката за самоизолација

Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во емисијата „Само интервју“ истакна дека на владината седница се разгледувале построги казни за оние лица кои ги прекршуваат наредбите за самоизолација, потенцирајќи дека во моментов се изречени 47 казни на 40 лица.

– Лицата не се свесни дека покрај своето здравје го ризикуваат и здравјето на сите. Затоа на седницата беше предложено оние кои ќе бидат фатени дека не ги почитуваат мерките за самoизолација, покрај паричната казна, која не е така мала за нашите стандарди, да бидат сместени во државен карантин, а кој истиот ќе треба да си го платат самите – вели Чулев.

Тој рече дека на владината седница се разговарало за каде ќе биде тој државен карантин и дека неколку опции биле на маса.

Министерот вели дека во самоизолација се 3.787 лица во земјава, а во Скопје 1.088. Тој информира дека oд страна на МВР извршени биле 390 контроли. Под здравствен надзор во Скопје се 215 лица, а 349 во земјава.