
Вработените на два скопски хотели од пред неколку дена се во изолација поради корона вирус, дознава 24 инфо. Според нивните извори, директорот на едниот од хотелите бил позитевин на коронавиус.
-Директорот бил на патување во странство пред извесно време и од пред една недела имал симптоми. Направен е тест кој бил позитивен. Вработените се ставени во 14 дневна изолација, објави порталот.
Во вториот случај гостин се пожалил дека има температура. Направен е тест и тој бил позитивен.