
Евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) гласала за распуштањето на својата најрадикална десничарска фракција, којашто неодмана беше ставена под службен надзор на полицијата.
Извршниот совет на AfD во петокот усвоил резолуција со којашто се повикува на распуштење на екстремната десна фракција, едноставно наречена „Крило“ ( “Flügel”) до 30-ти април.
За резолуцијата гласале 11 членови на споменатото партиско тело, еден бил против, а еден член останал воздржан, соопшти AfD, додавајќи дека во текот на викендот членовите на Извршниот совет ќе се сретнат со претставниците на споменатата фракција.
Според процените во германските медиуми, екстремнодесната фракција „Крило“ има околу 7.000 од вкупно 35.000 членови на AfD. Групацијата ја води претеникот Бјорн Хaке, челник на партискиот огранок за сојузната покраина Тирингија, кој неодамна беше во центарот на политичката криза по сојузувањето со умерената десница во Христијанско-демократката унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел. Хaке е критикуван поради честото проблематизирање на германската култура на каење поради нацистичките злосторства.
Фракцијата „Крило“ под официјален надзор на полицијата е ставена од 12-ти март. Со таа одлука на разузнавачките служби им е овозможено да ги прислушуваат и следат нејзините членови, да се отвораат досиеја со нивните лични податоци, регрутирање доушници од редовите на фракцијата и ангажирање тајни агенти. Ваквата одлука беше донесена по низата терористички напади со крајно десна заднина во Германија, но официјално не беа директно поврзувани со AfD.