
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека Венко Филипче како министер за здравство треба да делува, а не да излегува како портпарол давајќи само фактографски податоци за бројката на заболени лица од корона вирус.
-Медениот месец за Венко Филипче заврши. Не можеме ние да зборуваме за министер кој што треба да биде министер и да презентира колку нови протоколи се аплицирани, што се случува, кои се изолирани клиники каде што ќе се згрижуваат пациентите, да излегува како портпарол на министерството и таксативно фактографски да наведува нови два случаи, нови 7, нови 10 случаи. Еве денска додека се снима емисијата имаме нови 19 случаи, прашање е на време кога ќе се надмине бројката над 100, прашање на време е кога ќе згасне човечки живот, изјави Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Во однос на користење на човечкиот потенцијал за спречување на пандемијата со која што се соочува Македонија, Мицкоски упати апел до надлежните институции во овие кризни моменти да го искористат секоја расположлив потенцијал се со цел спречување на ескалација на состојбата.
-Апелирам до надлежните институциите кои што ги менаџираат тие институции да ги користат луѓето, а не да ги бојадисуваат како подобни или неподобни, според политичка партија дали биле ВМРО или СДСМ, или во било какви. Користете го сиот расположлив потенцијал, гледајте што се случува по клиниката поради тоа што луѓето беа незаштитени се заболеа од корона вирусот, медицински персона, луѓе кои што беа на првата линија на борба со ова пандемија која што се случува, вели Мицкоски.