
Министерството за здравство информира дека попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на коронавирус. Со ова вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на коронавирус во земјата е 76.
Во текот на денов, потврдени се и 2 сопружници од Кавадарци – позитивни на вирусот, а во процес на тестирање е уште едно лице од Кавадарци кое нема поврзаност со другите два случаи.
Досега се регистрирани заболени од Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид, Штип и Кавадарци, информираа вечерва од Министерството за здравство.