
Вкупониот број заразени со коронавирусот во Словенија изнесува 383, што е за 42 лица повеќе отколку во петокот во 14 часот, соопшти словенечкото министерство за здравство.
Досега се изведени 12.162 тестови. Најголем број од заразените се во централниот дел од Словенија и во главниот град Љубљана. Досега од последиците на Covid-19 почина едно лице, повозрасен маж од домот за стари лица во Метлика, кој почина на 13-ти март. Повеќето од заболените се на одделите за интензивна нега во Љубљана и во Марибор, некои од нив на респиратори и во критична состојба.
Најмногу заразени има во возраната група од 30 до 49 години – 113, а потоа во возраните групи од 16 до 29 години – 71, и од 50 до 59 години – 69 заразени.
Повеќето Словенци сметаат дека мерките за ораничување на епидемијата кои се преземени досега не се престорги, а 58 отсто сметаат дека би требало да бидат уште построги, покажува анкетата објавена во саботата.
Речиси петтина од испитаниците стравуваат дека поради коронавирусот и одредени рестрикции ќе ги загубат приходите или работата, уште повеќе што според испитувањето 55 отсто велат дека не се во состојба да работат „на дачена“, односно од дома.
Владата објави дека во понеделникот ќе го предложи ткн „кровен закон“ за мерките во текот на траењето на епидемијата , кои меѓу другото предвидуваат стимулативни додатоци на платите во службите кои за време на епидемијата ќе бидат најизложени на дополнителна работа.