
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конфернција рече дека мерките за изолацијата од страна на голем број граѓани не се почитуваат.
Поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница.
„Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не го земаат сериозно. Имаме одговорност мерките да ги заостирме, зашто тие ќе имаат логика и ќе дадат резултати само ако целосно се почитуваат“, напомена Филипче.