
Тендерот е поништен затоа што ќе беше очигледен криминал, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Венко Филипче и Владата на СДСМ профитерска по кој знае кој пат се фатени со рацете во медот, ВМРО-ДПМНЕ беше во право за тендерот за набавка на респираторни машини, а реакцијата на јавноста го запре милионски криминал. ВМРО-ДПМНЕ беше во право за тендерот за здравство. Во услови на вонредна состојба и светска епидемија на коронавирусот криминалната банда на власт наместо да се бави со зачувување на здравјето на граѓаните се бави со криминални тендери во четири очи, милионски провизии и класично профитерство. ВМРО-ДПМНЕ будно ја следи работата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден денар од буџетот на Република Македонија да биде потрошен залудно или да заврши во џебовите на фунцкионери од власта. Во овие моменти секој денар е важен, македонската економија е пред колапс, илјадници луѓе на дневна основа остануваат на улица и без основниот приход. Потребни се итни мерки за финансиска поддршка на стопанството и граѓаните, а не крвави тендери за богатење на малкумина од врхушката на власта. Ваквото шокантно однесување на власта ни малку не влева доверба кај граѓаните дека имаат намера и се способни да се спасат со оваа досега невидена криза за Македонија, но и светот, истакнуваат од партијата.
Три дена, три различни лаги од Филипче за респираторите, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.