
Додека живееме во најтешките денови од пандемијата предизвикана од вирусот Covid 19 и – од друга страна – следејќи ги предлозите за финансиски мерки од некои партии, а секако слушајќи го гласот на граѓаните, кои ќе бидат изложени на тие мерки, Алтернатива го крева гласот на разумот дека ниту една партија, било да е таа водечката партија во владата, не е пожелно да се однесува со протагонизам кон јавните финансии и да предлага мерки, кои утре ќе бидат владини мерки, а за кои не се консултирани другите партнери на владата. Овие се тешки денови за сите нас и бараат внимателност и консултација, а не протагонизам.
„Ние сметаме дека ниту една финансиска мерка во нашата земја не смее да им наштети на граѓаните. Покрај големата депресија, која е предизвикана од пандемијата, последното нешто што треба да ни падне на ум е да преземеме мерки на скратувања на финансиите на граѓаните, со што може да се стави во прашање и нивната егзистенција.
Како и да е, Алтернатива е во процес на составување на еден предлог со сет мерки, кои ќе бидат предложени на идната седница на Владата и потоа ќе бидат и јавно соопштени.
Секако, ние нема да подржиме ниту еден предлог кој е во штета на граѓаните“, се вели во партиското соопштение