Германија забранува собири на повеќе од две лица

Германскатата сојузна влада и владите на германските сојузни покраини воведоа забрана за состанување на повеќе од две лица во јавноста, со исклучок на лица кои живеат во исто домаќинство, изјави во неделата канцеларката Ангела Меркел.

„Коронавирусот се проширува со загрижувачка брзина и поради тоа социјалниот живот треба да биде намален на најмалата можна мерка. Ве молам да се придржувате до овие правила“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Во продолжение Меркел појасни дека, владата и сојузните покраини се договорија за воведување на забраната за престој на повеќе од две лица на јавен простор, со исклучок на сопственото домаќинство. Кон другите лица неопходно е растојанието од најмалку 1,5 метри.

„Групните прослави на јавни места, во станови, како и во приватни објекти, имајќи ја предвид ситауцијата во нашата земја, се неприфатливи. Нарушувањата на ограничувањето на социјалните контакти ќе бидат контролирани и санкционирани од страна на полицијата и бирото за јавен ред“, додаде Меркел.

Како една од мерките владата и покраинините ја донесоа одлуката за затворање на сите ресторани и други објекти за исхрана. Забраната не се однесува на доставувањето и издавање храна за носење. Од понеделник се затвораат и фризерските, салоните за масажа и саколите за тетоважи. Исклучек е медицинските педикура.

При полесните прекршувања на овие прописи предвидени се казни до 25.000 евра, а при потешките и затворски казни. Овие мерки засега се воведени на период од две седмици.

„Сопственото однесување засега најефикасното средство. Најголемо мнозинство од граѓаните тоа го сфати“, рече Меркел заблагодарувајќи се на оние кои се придржуваат до прописите.

Германската канцеларка најави брзо носење на закои кои ги регулираат мерките поврзани со пандемијата од коронавирусот.

Во сојузните покраини Баварија и Саксонија веќе на сила се построгите мерки за движење кои предвидуваат напуштање на домот само поради одење во набавка или на работа.