Шекеринска: Армијата ќе биде вклучена во справувањето со последиците на коронавирусот и епидмијата

Армијата ќе биде присутна секаде каде што ќе има потреба, рече на денешната прес конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска, појаснувајќи дека таквата уредба е донесена со законска сила, согласно која веќе е формиран оперативен штаб помеѓу полицијата и армијата.

 Министерката кажа дека фокусот главно ќе биде ставен на три сегмента:

-контрола на зелениот појас на границата, за да може граничната полиција да биде ослободена од таа обврска и да се стави на располагање за потребите внатре во државата.

-вклучување во полициските патроли на влезовите и излезите од населените места, особено во кризни подрачја, но и патролирање за време на полицискиот час и контрола на лицата во самоизолација.

-физичко обезбедување на витални објекти, како што се Собрание, Влада, затворите…