Цените на нафтата на светските пазари речиси се преполовија овој месец и се создаваат вишоци залихи кај производителите .
Нафтата од видот брент на почетокот на месецов имаше цена над 50 долари за барел, а сега цената изнесува само 27 долари.
По спорот помеѓу Саудиска Арабија и Русија, картелот ОПЕК плус од април повеќе нема да се обврзува за намалување на квотите за црпење, а Саудиска Арабија и Русија се подготвуваат за искористување на сите расположливи капацитети.
МИА