
Министерот Венко Филипче, денеска соопшти дека на Клиниката за инфективни болести се прават шест контролни тестирања на пациенти кои веќе се хоспитализирани од кои тројца се во потешка состојба, еден е во средно тешка и двајца пациенти се со лесна клиничка слика.
Што се однесува до сите лица кои се во изолација поради поврзаноста со лекарката од Клиниката за кожни болести, Филипче рече дека сите ќе бидат тестирани, бидејќи им истекол 14-дневниот карантин.
„На сите лица од Клиниката за кожни болести веќе им се истечени 14 дена, веќе се прави план да се тестираат со цел да се вратат на работното место.
Ќе бидат тестирани во следните денови. Не може сите да се завршат во еден ден, после што ќе ги соопштиме резултатите“, кажа Филипче.