
Третото лице починато од новиот тип коронавирус во Словенија, кое починало во понеделникот, е познатиот новинар Марјна Јерман, пензиониран од Радиотелевизија на Слованија, а во кариерата беше ангажиран и како воен репортер, јавувајќи се меѓу другото и од боиштето во хрватски Вуковар.
Слвоенечкото министерство за здравство објави дека денеска е регистрирано третото починато лице од коронавирусот на 67-годишна возрас, кој подлегнал на болеста на Инфективната клинија во љубљанскиот Клинички центар, каде што бил пренесен од неговиот стан, но дека покрај коронавирусот имал и други заболувања, па болеста не се поврзува директно со оваа вирусна зараза.
Словенечките медиуми истворемено објавија некорлози за 67-годишниот Јерман и неофицијално наведуваат дека третата жртва на коронавирусот е токму новинарот. Словенечките здравствени власти поради заштита на приватноста не го објавуваат идентитетот, ниту на починатите, ниту на заболените.
Јерман во Словенија беше најпшозната по долгогодишната серија емисии за разлочните меѓусоседски спорови и кавги, а се прослави и како воен репортер. Прво извештуваше за борбите за словенечкото осамостојување во јуни 1991 година, потоа и од боиштата во Хрватка и во БиХ, за на крајот да известува и од Косово во време на интервенцијата на НАТО.
Книгата за своите репортерски доживувања од боиштата, под наловот „Од пеколот“, ја објави во 2001 година во коавторство зо уште неколку словенечки колеги, а познат е и по разговорот зо командантот на одбраната на Вуковар, Мило Дедаковиќ Јастреб, кој беше емитуван на Словенечкото радио малку пред градот да го зазема ЈНА, кои поради тогашната ситуација во Хрватска и медиумската војна покрај онаа на боиштата, предизвика многу реакции и контоверзии.