
Организацискиот одбор за Олимписките игри во Токио 2020 година, одлучи олимпискиот факел низ земјата да не го носат спортисти и други лица, туку пламенот наместо тоа да биде во лантерна и да се пренесува со автомобил.
Членовите на одборот решиле дека нема да има штафета со олимпискиот факел до конечната одлука на Меѓународниот илимписки комитет (МОК) дали Игрите ќе бидат одложени.
Факелот по Јапонија треба да патува во лантерна со автомобил. Оваа одлука има цела да го спречи ширењето на коронавирусот, имајќи предвид дека неговото штафетно минување низ земјата привлекува голем број гледачи.
Олимпискиот оган беше запален на 12-ти март во Грција, а во петокот пристигна во Јапонија. Факелот ќе трне на пат по земјата домаќин на Олимпијадата во четврток, откако беше изложен во Фукушима.
Според сегашните најави, свеченоста на тргнувањето на патот низ Јапонија, ќе се одржи без гледачи.