Со автобус и автомобили вратени 63 македонски граѓани од Црна Гора

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја,  со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

– Со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја, соопшти МНР.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста.