
Владата на вчерашната седница донесе Уредба со која стапува во сила Законот за стечај за време на вонредна состојба.
Според Уредбата, сите почнати стечајни постапки – претходна постапка за отворање стечајна постапка и отворање стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.
-На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање стечајна постапка или поведување претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба, наведува Владата