Над три милијарди луѓе на планетава треба да останат дома поради коронавирусот, повеќе од 20.000 мртви

Властите на многу земји во светот повикаа повеќе од три милијарди луѓе да не излегуваат од своите домови во борбата против ширењето на новиот тип коронавирус, кој предизвика смрт на повеќе од 20.000 лица, според податоците од базата на агенцијата France presse (AFP).

Вкупно се забележани 20.334 смртни случни исходи од болеста Covid-19, од кои најголемиот дел во Европа со 13.581 починат. Со вкупно 7.503 починати Италија е најпогодената пред Шпанија со 3.434 и Кина со 3.281 жртви, иако најнаселената земја во светот беше почетното жариште на пандемијата.

Уште во вторникот повеќе од третина на светската популација, којашто Обединетите нации ја проценуваат на 7,8 милијарди луѓе во 2020 година, се повикани од нивните национални власти да останат во своите домови. Повеќето од 170 земји и територии, околу 40 од нив во кои живеат најмалку 2,3 милијарди луѓе, одредија задолжителна забрана за движењето.

Особено во овој круг се истакнува Индија, земја со 1,3 милијарди население, потоа неколку американски држави, како Калифорнија, Колумбија, Арентина, па Непал, Ирак, Мадагаскар и многу еропски земји како Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија … Панама е последната која им се придружи, а од четвртокот ќе ги следи Јужноафриканската Република.

Во најголемиот број од овие земји и територии постои можноста да се оди на работа, за купување на неопходните намирници, за набавка на лекови и за лечење.

Најмалку седум други земји и територии, со вкупно повеќе од 416 милиони жители, меѓу кои се Иран, Германија и Канада, ги повикаа своите жители да останат дома, но не преземаа мерки на принуда. Русија е последната земја којашто во средата објави вакви мерки.

Најмалку 18 земји и територии, со повеќе од 300 милиони луѓе, воведоа полициски час и забранија движење од вечерта до утрото, меѓу кои е и Македонија, а исти мерки се спроведуваат и во Србија, Египет, Чиле, Филипини, Брегот на слоновата коска….. Најстрогиот полициски час на сила е во Еквадор, каде што движењето е дозволено само меѓу 5 часот натро и 14 часот.

Барем пет земји своите главни градови ги ставија во карантин со забрана за влегување или излегување од нив. Тоа се случаите со Киншаса во ДР Конго, во Ријад, Медина и Мека во Саудиска Арабија, и Баку во Азарбејџан. Во овие градови живеат близу 30 милиони луѓе.