СДСМ лицемерно создава услови за корупција

Министерката за правда Рената Дескоска не се откажува од намерата да се укине финансирањето на политичките партии за годинава, и со предлогот за откажување на државното финансирање на партиите практично има намера да создаде простор  за илегално финансирање политичките групаци и за перење на рекетирани пари.

Впрочем, законот се носи за да се спречи таква појава, но со оваа одлука СДСМ покажуваат дека за оваа партија, којашто во опозиција се жалеше дека нема извори на финансирање, сега откако е на власт нема проблем да обезбеди неколку милиони евра, кога во економијата во земјата под притисокот на пандемијата, како и во светот, запаѓа во рецесија и криза. Бездруго, станува збор намера да се користат инструментите на државата од страна на СДСМ, за изнудување рекет од компании или, пак, користење на „црните“ партиски фондови, во кои се слеваат пари испумпувани од државниот Буџет преку фирми на партиски членови или нивнит

Воедно, функционерите на СДСМ останаа глуви на повиците на ВМРО-ДПМНЕ за откажување од државната функционерска плата што е доказ за лицемерието на СДСМ.

ОД ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение бараа на денешната владина седница на која ќе се расправа за доброволно откажување од платата на Рената Дескоска од 70 илјади денари, на нејзиниот братучед Николче Тасевски да се откаже од платата од 188 илјади денари, на Оливер Спасовски од 90 илјади денари, на Радмила Шекеринска од 80 илјади денари, и повикаа да се расправа и за законот за финансирање на политички партии.

„Да не се заборави и на Дамјан Манчевски кој ќе ја докаже хуманоста кој ќе се откаже од платата од 70 илјади денари, Мила Цароска од платата од 74 илјади денари и Роберт Поповски од платата од 72 илјади денари како и Никола Димитров од платата од 72 илјади денари. Се додека ова не е се случи излегува на површина лицемерието на Дескоска, Спасовски и цела дружина на Заев, на виделина излегува целата неспособност на Владата на Заев. За 3 години Владата на СДСМ потроши 11 милиони евра за служени патувања, репрезентации, кафеани и ресторани, непродуктивно трошејќи ги мачно заработените пари на граѓаните. 3 години капиталните инвестиции беа на катастрофално ниско ниво, немаше изградба на нови болници, немаше набавка на медицинска опрема, напротив Македонија секоја година губеше 100-тици доктори благодарение на иселувањето“, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека во време на вонредна состојба министрите на Заев, Шекеринска и Димитров потрошија 8 милиони денари на кафеани и службени патувања. Македонската економија е во очајна состојба, на стопанството му е потребна сериозна помош за да ја преброди кризата со корона вирусот, во овие тешки времиња на граѓаните најмалку им е потребно политиканство.

Инаку темата стана актуелна откако лидерот на СДСМ Зоран Заев излезе со листа на мерки што треба да ги донесе Владата како одговор на последиците предизвикани од кризата со корона вирусот. Предлозите предизвикаа бурни реакции кај владините функционери, при што се покажа дека сите сакаат помош и се согласуваат со нови задолжувања, но ретки се тие што се подговени да поддржат штедење или да се откажат од некои свои приходи.