
Швајцарија има поголема стапка на инфекција со новиот коронавирус во споредба со Италија и на 10.000 жители во моментот има 12,4 заразени лица.
Според актуелните официјално податоци во Швајцарија инфицирани со Ковид-19 се 11.028 лица, а починале 154.
Во Италија стапката на инфекција изнесува 11,4 заболени на 10.000 жители, во Шпанија – 8,5 и во Германија – 3,9.
Поголема стапка на инфекција од Швајцарија, врз основа на малиот број и концентрацијата на жители имаат само Луксембург и Исланд.