
Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени. Во Платежната агенција денеска завршуваат последните проверки. Би ги замолил производителите за трпение, рече денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски.
Според него, и покрај очекуваната побрза динамика на исплата, состојбата со коронавирусот предизвика извесно забавување.
-Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени. Би ги замолил тутунарите за трпение. Очкувавме побрза динамика, но мора да се земе предвид состојбата со коронавирусот. Знаеме дека буџетското планирање е во делот на приходите кое треба да се очекува постојано, но во моментот поради ситуацијата имаме забавени приходи, фирмите се затворени, слаба е наплатата, а најголем дел од средствата доаѓа од ДДВ-то, рече Димковски.