
Сѐ уште траат анализите во Заводот за рехабилитација во Козле, каде се земени материјали од 18 вработени. По стигнувањето на сите резултати ќе се направи план за работа. Постои голема веројатност од понеделник во Заводот да работи само амбулантскиот дел.
– Асполутно се точни бројките кои ги споделуваме, нив ги споделуваме и со Светската здравствена организација и нема простор за манипулација. На Клиниката за Инфективни болести се хоспитализирани 41 пациент, 7 се во потешка состојба, но не се репораторно зависни не им е потребна помош од механичка вентилација, 27 се со средно тешки и 7 со послаби симптоми. Стабилна е состојбата на пацинетите во Штип – соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Денеска се поделени 3.000 маски на матичните лекари добиени од донација и утре ќе се поделат уште 3.000.
Денеска има 18 нови случаи, вкупно 219 до 12 часот денеска. Од нив тројца се излекувани и тројца се починати.