
Од празна Будимпешта до пусти плажи во Бразил, градовите низ светот изгледаат како да се напуштени.
Поголемиот дел од населението е повлечено во своите домови, со цел да се спречи брзото ширење на коронавирусот, па улиците се сосема празни, пишува Евроњуз.
Снимката, која е направена со дрон во неколку градови низ светот, на почетокот го прикажува унгарскиот главен град Будимпешта, покажувајќи ги неговите празни улици и знаменитости без посетители. Потоа камерата се префрла во Вилнус, главниот град на Литванија.
Во Истанбул во Турција, град кој е многу фреквентен, можат да се забалежат само неколку автомобили на улиците, а празните плажи на Рио де Женеиро оставаат стравичен впечаток.
Последниот град кој е снимен со дрон е португалскиот главен град Лисабон.