
Пеце Милевски, член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, упати сомнеж дека акцијата за дезинфекција на станбени објекти за колективно домување која ЕСМ заедно со ФОД ја започана во Битола, има политичка позадина.
Тој во фејсбук статус прашува дали сето тоа е со вистинска намера или е само лов на гласови во маката која сите не снајде?
„Дали ЕЛЕМ и директорот се грижат одговорно за вработените во РЕК Битола?
Дали луѓето кои произведуваат струја а ние #седиДома ја трошиме, се адекватно заштитени од вирусот?
Колку често се дезинфицираат просториите, автобусите (КОЛКУ ЛУЃЕ СЕ ВОЗАТ ВО АВТОБУСИТЕ) и превозните средства во рудникот но и оние кои излегуваат надвор?
Кога последен пат вработените во РЕК-Битола имаат задолжено лични заштитни средства (и пред вонредната состојба)!?
Конкретно еве ФОД печати „скафандери” со логото на фирмата, ЗА АКЦИЈА со која „некој” собира политички поени преку дезинфекцијана влезови и згради низ градот!?Дали сите вработени во ФОД се вака опремени и вака доаѓаат и извршуват работни задачи или само “привилегираните” (искористените) работници кои излегоа на акцијата за собирање на поените за директорот?
Ако целта беше чесна и одговорна тогаш најдобро ќе е’ секој функционер да се посвети на својот делокруг на активности и да нема мешање во обврски и задачи кои само по себе и следуваат на Општина Битола и нејзините јавни претпријатија. Ако таму има некаков проблем со менаџирање на ситуацијата како граѓани добро е да знаеме?“, напиша Милевски.