Вооружени грабежи во две аптеки во Скопје

На 27 март 2020 во 11:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека во трговски центар на бул.„Партизански одреди“ непознато лице со закана со нож одзело пари од вработената Т.Д.(30) од Скопје.

Исто така вчера, во 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека во трговски центар на бул.„Јане Сандански“, непознато лице со закана со нож одзело пари од вработената Е.П.(48) од Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните.