
„Денес сабајле во 11 ќерка ми тргна среќна да се враќа од Словенија за Македонија, со авионот од амбасада, (170 евра шо не е важно но..) и секако без вода оти не може во авион. Еве уште, а сега е 20.15, вода нема пиено, во тоалет нема одено. Така што од 15.30 е затворена во автобусот пред Макпетрол, Маврово, чекајќи преглед за да ги сместат. Нема воздух, шоферот си отишол, нема кај да се бунат, затворени ко најголеми криминалци. И реков да ги скршат прозорите, ама кај ќе мочаат и од кај вода? Пресови, вести не слушајте, седете си у државите кај што сте не се враќајте ич. Е… ти и Северна и Филипче и се и стоката лажлива. Кој може и сака нека шерува“, објави „Вечер.мк“
Ова е фејсбук објава на мајка на девојче кое со специјален лет е вратена од Словенија и сега престојува во државен карантин.
Ќерка ми е сместена, во ред e. Не сакам да терам идиотски муабети со нацисти, само да кажам дека летот чини 30000 евра, а патници се накај 100, па вие видете колку доблесно некој заработува. Инаку да не се дознаеше ова, вчера ќе немаа храна, затоа што сопственикот на хотелот немал таков договор со државата. Потенцирам 10 часа без вода и тоалет.