
Министерот за здравство Венко Филипче денеска во 12:15 часот ќе одржи прес-конференција.
Досега во земјава регистрирани се 241 случаи на заразени лица со Ковид-19.
Четири починаа, а троца се излечени.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои двајца починати, Куманово – 20 од кои еден починат, Штип – 8, Прилеп – 8,Тетово- 4, Охрид- 3, Велес – 3, Струга – 3 од кои еден починат, Кавадарци – 2, Гостивар – 1 и Битола – 1.