
Епидемијата на новиот коронавирус во Велика Британија покажува знаци на забавување, а тестовите на антитела може да бидат подготвени за неколку денови, изјави денеска професорот по математичка биологија на Империјал колеџот Нил Фергусон.
-Сметаме дека во овој момент епидемијата во земјата забавува, рече Фергусон за радио Би-Би-Си.
Според него, третина или дури и 40 отсто од граѓаните немаат никакви симптоми, а само два отсто граѓани се заразени.
Фегусон додаде дека и тестовите на антитела се во завршна фаза на проценка и дека можат да бидат подготвени за употреба за неколку дена.